Омилениот „Пријател“ призна дека е заљубен во колешката од серијата?

15 ноември, 20190
friends

Метју Пери и Кортни Кокс отсекогаш биле во феноменални односи, уште од кога започнаа да ја снимаат серијата „Пријатели“. Како на малите екрани каде што глумеа најдобри пријатели кои се вљубуваат и се венчаат, така и надвор од сетот – секогаш се дружат одлично.

Сепак, тајната чувана долги години, излезе на виделина. Имено, како што тврдат странските медиуми, Пери отсекогаш бил во заљубен со Кортни!

– Тој секогаш беше заљубен во неа. Никогаш не успеа да ја преболи – рече изворот.

Ова ги воодушеви фановите на Моника и Чендлер, а огромен е бројот на оние кои навиваа да станат пар и во приватниот живот.

Многумина се надеваат дека сега е вистинското време да започнат романса!

После 25 години од своето деби, изгледа дека омилената шесторка се враќа на малите екрани!

The Hollywood reporter откри дека преговорите се во тек за уште едно обединување на „Пријатели“, што значи – Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер повторно ќе глумат заедно! Покрај тоа, тука се и сценаристите Дејвид Кран и Марта Кауфман.

Изворот нагласува дека не се ни блиску до конечен договор, но и продуцентите и актерите се подготвени да го спроведат овој план, што несомнено ќе воодушеви милиони фанови ширум светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi