Остар напад врз Меган: „Никој не те жали“

25 октомври, 20190
meghan

Откако пред неколку дена проговори за живеењето во кралското семејство и тешкотиите и проблемите со кои мора да се соочи откако се омажи со 35-годишниот принц Хари, 38-годишната Меган Маркл, повторно се најде на мета на критичарите. Поточно, во нејзината последна емисија, 55-годишната американска водителка Венди Вилијамс, ја повика Меган за лажно претставување и глумење на жртвата во јавноста.

Со оглед на тоа што Меган неодамна јавно во солзи призна дека нејзините британски пријатели не ја поддржувале врската со принцот затоа што мислеле дека „медиумите ќе и го уништат животот“, Венди имаше потреба во последното шоу да го изрази своето мислење за оваа тема.

„Одлично добро знаеше што те чека и беше свесна за сè што има врска со принцот. Немој да бидеш изненадена што фотографите насекаде те следат, тие го прават тоа затоа што си дел од кралското семејство. Кога глумеше во серијата „Suits“, никој не знаеше дека постоиш. Никој не те жали, знаеше во што влегуваш“, остро ја повика контроверзната американска водителка.

Потсетуваме, Меган и Хари се венчаа пред една година, а овој мај станаа родители на бебето Арчи. Неодамна, откако принцот Хари ја повика јавноста за континуираното „малтретирање“ на неговата сопруга, Меган конечно проговори и ја раскажа својата страна на приказната, искрено признавајќи дека животот во кралското семејство не е воопшто лесен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *