Откако Џастин е фатен на дело, фотографиите на неговата сопруга се тема на денот!

26 ноември, 20190
jj

Пред неколку дена, Џастин Тимберлејк беше виден како се држи за рака со помладата колешка, и покрај тоа што е во брак со актерката Џесика Бил цели седум години.

Пејачот и, повремено, актер Џастин Тимберлејк (38) во моментов го снима филмот Палмер, каде што со актерката Алиша Ваинрајт (30) глумат пар, а се чини дека страстите се разбудиле далеку од камерите бидејќи можевме да видиме како разменуваат нежности!

Нема да беше проблем ако Џастин не беше (ние мислевме) среќно оженет со убавата Џесика Бил (37), со која има син Силас (4).

Ниту во моментот кога папараците „го фатија на дело“ ниту подоцна, Џастин Тимберлејк не носеше бурма, додека неговата сопруга беше видена со венчален прстен на раката! Папараците ја чекаа актерката во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес и ја прашаа што мисли за тоа дека нејзиниот сопруг држи за рака и се гушка со друга жена, а таа само се насмевна.

Судејќи според ова и тврдењата на извор близок на парот, изгледа од разводот сепак нема ништо.

– Нивниот брак ќе преживее. Тој се чувствува виновен и ќе се искупи – истакна извор за Е!News – Таа е добра со него, а тој знае колку е среќен поради тоа. Тој вели дека не е важно, сите само се дружеле и дека е крајот на приказната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *