Ова се чекаше: Џастин Тимберлејк проговори за прељубата

5 декември, 20190
ј

Минатата недела, омилениот пејач Џастин Тимберлејк беше фатен со друга, колешката Алиша Ваинрајт. Набргу после тоа, настана скандал поради кој неколку дена во медиумите се зборуваше за неговата наводна прељуба. Иако досега молчеше, 38-годишниот пејач и актер реши јавно да проговори за се, за да може хајката околу целата приказна конечно да престане.

„Отсекогаш сум избегнувал озборувања, но овој пат морам да зборувам, поради моето семејство. Не можам да молчам затоа што гледам дека сето тоа влијаеше врз луѓето кои ги сакам. Пред неколку дена бев мета на критики, но сега сакам јавно да кажам – ништо не се случи меѓу мене и колешката. Таа ноќ испив премногу и не сум горд на моето однесување. Требаше да постапам подобро. Овој вид на однесување не е добар пример кој сакам да му го пренесам на мојот син. Сакам да се извинам на мојата сопруга и семејството за сè што им приредив. Сега се фокусирам да станам уште подобар сопруг и татко ’, напиша тој во објавата што ја објави на својот Инстаграм.

Набргу потоа, на Џастин почнаа да му пристугнуваат пораки за поддршка, но и оние кои сметаа дека ова извинување не е доволно. „Ви ја праќам целата љубов на овој свет“, гласеа позитивните коментари, додека другата страна се спротистваи на неговото однесување. „Не го повредија твоето семејство претпоставките, туку она што ти го правиш“, е еден од коментарите на оние што сметаат дека извинувањето е неважечко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi