17 јули, 2019

Радио

Денес, на Instagram сите споделуваат што и да посакаат. Но,  важно е да се внимава чии фотографии се објавуваат.Со овој проблем се сретна 25-годишната американска пејачка Аријана Гранде. Имено, таа е обвинета бидејќи на нејзиниот Instagram профил објавила фотографии за кои немала дозвола. Според E! News, папарацо фотографот Роберт Барбер ја обвини пејачката за кршење на авторските права и бара 25.000 долари за секој прекршок.

На споменатите фотографии, добитничката на Grammy беше фотографирана како излегува од зградата. Фокусот беше на нејзината транспарентна ташна со натпис „Sweeterner“. Ариана истите тие фотографии ги објави минатата година во август, на денот кога излезе нејзиниот четврти албум “Sweeterner”.

Со описот „Happy sweeterner day“ таа не беше ниту малку свесна што направила. Иако оригиналната објава е избришана, новата и уредена објава е достапна на Instagram.

View this post on Instagram

comfy merch n stuff http://shop.arianagrande.com

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Остави коментар

Почетна // Забава // Пејачката е обвинета за кражба
Горе