Пејачот не може да ја преболи смртта на својата сопруга
Паф Деди е еден од најбогатите рапери, кој има сопствена модна линија, компанија за производство на вотка, и исто така е сопственик на телевизија. На прв поглед има сè, но сепак тој го нема она што некогаш му било најважно – мајката на неговите деца, Ким Портер.
Деди сè уште не може да прифати дека Ким почина, а немилиот настан не се случи на 15 ноември 2018. година како резултат на компликации предизвикани од пневмонија. Ким Портер тогаш имаше 47 години, оставајќи зад себе три деца, кои ги има од бракот со музичкиот магнат.
„Секој ден ја слушам како му кажува дека треба да поминувам повеќе време со децата и да се потрудам сѐ да биде добро. Сега сум многу повеќе присутен и децата ми се приоритет“, рече Диди на Денот на мајката што се одбележа на 12-ти мај.
“Пафи,чувај го моето бебе. Тоа ми го кажа пред да умре”, рече раперот со солзи во очите.