Погледнете ја North West во своето прво YouTube видео со JoJo Siwа
3 април, 20190
Како што неодамна беше најавено, North West имаше деби на YouTube и тоа на каналот на својот идол JoJo Siwa.
Всушност, најстарото дете на Kim Kardashian и Kanye West, помина еден ден во домот на YouTube ѕвездата JoJo Siwa, каде што играа жмурка и слушаа музика. Норт уживаше во престојот во просториите кои што веќе некое време ги гледа на YouTube.
JoJo заедно со ова видео напиша: „Премногу се забавував додека се преправав дека го чувам малото девојче на Kim, North West“.
JoJo веќе некое време го најавуваше ова видео, а како се забавуваа девојките, погледнете во продолжение: