Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон: Луѓето мора да дознаат каква е таа навистина

24 октомври, 20190
џ

Кога, по две години брак, Џенифер Анистон и Џастин Теру решија да се разведат, нагласија дека иако ќе продолжат да живеат одвоено, тие остануваат пријатели. Дека ова не беше само една празна приказна, докажа актерот, кој со многу љубов искоментира за тоа дека неговата поранешна сопруга конечно се приклучила на социјалната мрежа Instagram. Нејзината прва фотографија беше со колегите во серијалот „Пријатели“, а за само четири дена успеа да собере 16 милиони следбеници. Поранешниот сопруг знае и зошто.

– Таа се заколна дека никогаш нема да го направи тоа, но сепак го направи и мислам дека донесе добра одлука. Светот треба да знае колку хумористична жена е таа, ако сè уште не разбрале “, рече 48-годишниот актер.

 Минатото лето, тие се збогуваа со својот миленик, кој беше стар  13 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *