20 октомври, 2019

Радио

Љубовта е се посилна!

„Светлината на мојот живот. Со тебе секој ден е подобар од предходниот. Ја заслужуваш целата среќа на светот. Ти благодарам што си најмилата личност што сум ја запознала. Ти благодарам што си мој. Среќен роденден “, му честиташе вљубената Пријанка Чопра на својот сопруг Ник, кој го слави својот 27. роденден.

Оваа честитка ја објави на својот Instagram профил заедно со видео од убави моменти од нивната врска и уште еднаш покажа зошто се еден од омилените холивудски парови.

Ник и Пријанка се верија по само два месеци врска, но нивната романса, се чини, ќе трае со години. Иако целата јавност мислеше дека се запознале минатата година, парот откри дека започнале да комуницираат уште во 2016. година.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by Priyanka Chopra Jonas (@priyankachopra) on

Сопругата на 11-години помладиот пејач, неодамна, за индискиот Vouge, отворено зборуваше за мајчинството и за сè што и носи брачниот живот. Тогаш откри дека е подготвена и за тој дел. Првото бебе сигурно ќе биде вистински подарок и благослов, како потврда за нивната љубов.

View this post on Instagram

It’s in the air.. ❤️

A post shared by Priyanka Chopra Jonas (@priyankachopra) on

Остави коментар

Почетна // Забава // Посебна порака за 11 години помладиот сопруг
Горе