После сите скандали, му се врати на бившиот партнер

4 декември, 20190
n

Иако седумгодишната врска ја прекинаа пред четири години, пејачката Никол Шерцингер и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, повторно се видени заедно. Имено, заедничкото појавување црвениот тепих на British Fashion Awards, многумина ги збуни и започнаа шпекулациите за нивно помирување.

Како што потенцираа неколку пати, нивното раскинување не вклучуваше никаква драма, па така тие позираа заедно на настанот без никаков проблем. Додека тој позираше во необично сребрено сако, Никол се појави во атрактивен црн фустан кој ги потенцираше сите нејзини атрибути. Иако Луис после раскинувањето помина низ навистина тежок период, според приложеното, тој се чувствува многу добро во друштво на својата поранешна девојка. „Се обидувам да бидам позитивен, но навистина ми е тешко што многу важна личност си отиде од мојот живот“, рече во тоа време 34-годишниот возач на тркачки автомобили.

41-годишната пејачка, од друга страна, во последно време е мета на несреќни настани. Откако на почетокот на годината се бореше со хакерот кој ја објави нивната секс-снимка, таа неодамна се соочи со голема загуба во семејството. И покрај сè што и се случи, Никол успеа да ја одржи својата смиреност. Бидејќи подолго време и беше тешко, таа одлучи да се посвети на себеси, па на црвениот тепих се појави со нова фризура. Исто како Луис, изгледа дека и пејачката е подготвена за промени, па фановите веруваат дека љубовта би можела повторно да се роди меѓу поранешните партнери, и покрај фактот дека станува збор за исклучиво пријателска фотографија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi