10 април, 2020

Радио

Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во хумористичнaта серија „How I Met Your Mother“, беше гостинка во емисијата на американскиот комичар Џими Фалон. Во разговорот, меѓу другото, се споменаа и претстојните празници, а посебен интерес кај публиката предизвика нејзиното воодушевување за подарокот што и го испраќа Том Круз секој Божиќ. Поточно, актерката сними филм со Том во 2016. година, а оттогаш се во добри односи.

Коби откри дека актерот секој Божиќ и испраќа ни помалку ни повеќе туку – торта.

„Тоа е торта со бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е превкусна“, откри таа. Таа ја насмеа публиката во студиото со искреното признание дека многу се радува на тортата, и со нетрпение ја чека и оваа година.

„Ја чувам во фрижидер и може да ми потрае до март, затоа што секој пат земам само по парче. Не знам зошто, не сум ни љубител на слатко, но ова е одлично!“, додаде таа.

Водителот исто така призна дека и  тој добива Божиќна торта од  Том Круз.

Славниот актер призна дека листата на познаници на кои им испраќа божиќна торта е голема, а причината зошто го прави тоа е малку необична.

„Сакам слатко, но го избегнувам заради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмовите – затоа го испраќам на сите“, откри Круз.

Остави коментар

Почетна // Забава // Празниците се ближат, а со нив и необични подароци: Том Круз има чуден обичај секој Божиќ, а неговите колеги тоа го обожаваат
Горе