Пристигна кралското бебе: Меган Маркл се породи!

7 мај, 20190
megan 2

Британскиот принц Хари и Меган Маркл станаа родители. Меган Маркл денес се породи и на свет донесе здраво момче, потврди Кенсингтонската палата.

Принцот Хари беше со неговата сопруга кога почнаа контракциите, а пред десет дена во САД пристигна и мајката на војводката од Саксес, Дорија.

Претходно денес, британските медиуми објавија дека поранешната актерка добила контракции и таа информација била официјално потврдена од палатата Бакингем. Првото дете на војводата и војвотката од Сасекс е седмо во редот за британскиот престол.

Од Палатата е соопштено дека момчето е родено утрово во 05:26, а во соопштението на Instagram профилот на познатиот пар, тие ѝ се заблагодаруваат на јавноста за поддршката и покажаниот интерес, а беше соопштено е дека мајката и момчето се добри.

Се додава дека останатите детали ќе бидат споделени во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *