25 јуни, 2019

Радио

Поп дивата Џенифер Лопез не може да ја сокрие насмевката од нејзиното лице откако на одморот што го планирале заедно, се вери со нејзиниот партнер, Алекс Родригез, со когo е во врска две години. Иако луксузниот одмор на кој што отишле бил испланиран до најмалите детали, Џенифер не ни помислила дека нејзиниот партнер ќе ја побара за жена.

Тоа се случило на плажа, а гордата пејачка го покажа скапоцениот прстен кој вреди милиони.

Истата фотографија ја објави и нејзиниот вереник, но со детаљ повеќе.

Да ве потсетиме, Алекс Родригез од брачната заедница со Синтија Куртис има две деца, додека Џенифер Лопез беше во брак трипати, а од љубовта со Марк Ентони има две деца.

Остави коментар

Почетна // Забава // Прстен кој вреди милиони: Џенифер Лопез се вери со Алек Родригез
Горе