20 август, 2019

Радио

Само еден ден откако Liam Hemsworth им рече на новинарите дека не сака да зборува за крајот на врската со Miley Cyrus, австралискиот актер одлучи да се обрати до јавноста на Instagram и објави фотографија од зајдисонце за да прозбори за раскинувањето.

Хемсворт под фотографијата напиша кратка порака:

Здраво на сите,

само кратка објава каде сакам да кажам дека Miley и јас неодамна се разделивме и дека не и посакувам ништо друго освен здравје и среќа. Ова е приватна работа која не ја коментирав, ниту пак ќе коментирам за било кои репортери или медиуми. Сите објавени цитати што ми се припишуваат се лажни.

Мир и љубов.

Пред неколку дена, 29-годишниот актер беше забележан во Бајрон Беј, неговата родна Австралија, со неговиот постар брат, Chris Hemsworthom. Според MailOnline, на прашањето од новинар, за раскинувањето на неговиот брак, Hemsworthom одговорил: „Вие не разбирате како е тоа“. Своите чувства дополнително ги објасни со едноставна изјава: „Не сакам да зборувам за тоа, пријателе“.

Остави коментар

Почетна // Забава // Првата официјална изјава на Liam Hemsworth после разделбата со Miley
Горе