Реакцијата на Анџелина е (НЕ)ОЧЕКУВАНА: Бред Пит ги запозна децата со новата девојка и помина подобро отколку што се надеваше

16 декември, 20190
1

Додека дел од медиумите продолжуваат да шпекулираат дали има вистина во гласините дека актерот е во врска со 26-години помладата колешка, друг дел известува дека нивната врска е повеќе од сериозна.

Како што пренесува новото издание на списанието Life & Style, младата актерка која стана позната по нејзината улога во познатата серија „Arrested Development“ толку го маѓепсала Бред Пит (56), што тој реши да превземе важен чекор:  ја запозна со своите деца.

Наводно, Анџелина Џоли (44), мајка на нивните деца и поранешна сопруга на актерот, збеснала кога слушнала дека Бред ги запознал своите деца со Алаја Шокет (30).

– Таа е екстремно заштитнички настроена спрема нив и во нејзините очи ниту една жена нема да биде доволно добра за да им биде маќеа – особено не толку брзо. Таа е бесна – истакна извор близок до семејството.

Тој додаде дека на Шокет и се допаднале децата на Бред, особено ќерките Шајло и Захара.

– Сите ја обожаваат Алаја, особено Шајло, која постојано разговара за тоа колку е кул и необична. И двете имаат иста „сува“ смисла за хумор. На Захара и се допаѓа стилот на Алаја. Тие дури планираат и женски шопинг во винтиџ бутици “, објасни изворот.

Тој додаде дека Анџелина е премногу лута и бесна, па дури и му се заканила со Бред дека нема да дозволи децата да го поминат со него ниту неговиот роденден на 18 декември, ниту Божиќ, доколку Алаја биде таму.

Ниту една од споменатите sвезди сè уште не се огласи во врска со новиот емотивен статус на Бред, а весникот „Star“ неодамна објави дека врската на актерот со Шокет е навистина сериозна. „Нив ги спои љубовта кон уметноста и филозофијата“, истакна извор близок до Пит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *