25 април, 2019

Радио

Забавата на Џенифер Анистон на многумина ќе им остане во сеќавање и тоа не само по добро.

Актерката Џенифер Анистон денес го слави јубилејниот 50-ти роденден, а за забавата која ја организираше минатиот викенд не престанува да се зборува и пишува. Најмногу внимание привлече нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, а неговото присуство на прославата, од страна на многумина, беше толкувано како можно помирување.

Сепак, уште една позната дама, со своето однесување , наведе многу луѓе да коментираат, но овој пат не е во позитивен контекст. Станува збор за добитничката на Оскар, актерката Риз Витерспун, која на забавата испила малку повеќе и ја изгуби земјата под нозете.

Таа падна по скалите, а веднаш и помогна работник од хотелот каде што се одржа прославата.

Овие актерки се познаваат веќе многу години, а заедно глумеа сестри во серијата „Friends“, во која се прослави Џенифер Анистон.

Остави коментар

Почетна // Забава // Се избрука: Познатата русокоса испи повеќе отколку што треба, па падна по скалите после лудата забава
Горе