Се обиде да помине незабележан, но безуспешно: Бред Пит тајно дојде на 50. роденден на Џенифер Анистон

11 февруари, 20190
пит

Поранешната „златна холивудска двојка“ секогаш привлекуваше многу внимание, и покрај тоа што имаа нови партнери по неуспешниот брак, многумина сакаа повторно да ги видат заедно.

Една од холивудските миленички, Џенифер Анистон денес наполни 50 години, а овој викенд, го прослави својот роденден во голем стил, со голем број на гости, меѓу кои е забележан и нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит.

Бред (55) беше снимен додека поминуваше покрај многуте папараци во Лос Анџелес. Познатиот актер се обиде да остане незабележан, криејќи го лицето под неговата капа.

Тој побрза и зачекори во Sunset Tower каде што се одржа прославата.

Покрај бројните познати гости, актерката Шарлиз Терон, со која Бред, наводно, е во врска изминатите неколку месеци, не беше меѓу гостите.

Се чини дека по неубавиот развод со Анџелина Џоли, Бред, одлучи да го обнови пријателството со својата прва сопруга, а можеби и малку повеќе од тоа. Времето ќе покаже.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *