Selena Gomez се откажува од музичката кариера?

15 август, 20190
selena

Пронајде нешто ново

Актерката и пејачка Selena Gomez реши да направи голем чекор во нејзината кариера. Покрај глумата и пеењето, со што се занимава уште од тинејџерските денови, реши да се обиде како претприемач. Поточно, таа е подготвена да лансира своја линија за убавина, исто како што направи и пејачката од Барбадос. Според странските медиуми, станува збор за асортиман во кој ќе бидат вклучени парфеми, козметика, производи за нега на кожата, сапуни и многу повеќе.

Нејзината продукциска компанија „July Moon“, поднела трговска пријава за лого за новата линија на Selena пред еден месец, соопштуваат од американската канцеларијата за патентирани заштитни знаци. Сепак, ова не е прв чекор на Selena во бизнисот што не вклучува глума или пеење, но ќе биде прв што е единствено нејзин. Неодамна, таа дизајнираше бикини за нејзината најдобра пријателка, во 2011. година го направи својот прв парфем, а соработуваше со брендот ‘Puma’ и ‘Coach’ за дизајнирање облека, ташни, модни додатоци и обувки. Во светот на светски познатите дами очигледно тренд е постојано да се создаде нешто ново. Пред Selena, на овој потфат се одличија, Rihanna, Lady Gaga, Drew Barrymore и други. Најуспешна е 22-годишната Kylie Jenner, која, благодарение на нејзината компанија, Kylie Cosmetics, стана најмладата милијардерка во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *