Шакира на суд: Обвинета е за затајување на данок од 14,5 милиони евра

10 јуни, 20190
s

Колумбиската пејачка Шакира (42) се појави на суд во Шпанија, во постапка која ја води обвинителството против неа за затајување данок од 14,5 милиони евра во времето кога живеела во Каталонија помеѓу 2012. и 2014. година.

Тужбата била поднесена во декември 2018. година, со тврдење дека светската ѕвезда не го платила данокот за приходите што ги заработила во оспорениот период. Нејзиниот правен застапник изјави дека не живеела во Шпанија до 2015. година и дека ги подмирила сите нејзини даночни обврски. Шакира во зградата на судот влезе преку гаражата за да ги избегне многубројните новинарски тимови.

Ова е втор пат за само два месеци сопругата на Пике да се најде на суд.

Пејачот беше на суд во мај, бидејќи таа беше обвинета за плагијат на песната “La Bicycle”, но тужбата беше одбиена откако беше утврдено дека не била плагирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *