Шок во кралството: Чарлс и Камила имаат таен син?

7 февруари, 20190
2

Во јавноста се појави 52-годишен маж, Симон Доранте-Деј, од Австралија, тврдејќи дека е тајниот син на 70-годишниот принц Чарлс и 71-годишната Камила, пренесува „Mirror“. Имено, вработенa во кралското семејство го посвоила кога имал околу една и пол година, а Симон е убеден дека е плод на првата афера на познатиот кралски пар. Сега тој бара ДНК анализа со која што сака да покаже дека е во право, исто така, истакна дека неговото средно име е Чарлс.

„Верувам дека принцезата Дијана знаела дека постојам и дека ги „составила коцките“. Мислам дека пронаоѓала се повеќе и повеќе одговори за својот живот, за она какво зло ѝ е направено, и сакала да го објави тоа јавно“, изјави за „Mirror“.

Понатаму истакнува дека го посвоила жена која била вработена кај 92-годишната кралица Елизабета II. и 97-годишниот принц Филип, Винифред. „Таа не ме лажеше, ми зборуваше отворено“, вели Симон, кој од неодамна на социјалните мрежи јавно објавува дека е син на Камила и Чарлс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *