Што откри Кендал Џенер за Бред Пит?

10 септември, 20190
kendal

Како што вели старата поговорка, „никогаш не треба да ги запознаете своите херои“. На крајот на краиштата, потење и брзо чукање на срцето не се најдобрата комбинација кога се обидувате да го импресионирате вашиот омилен актер, пејач или активист. Така, оваа недела, Кендал Џенер се „запозна“ со нејзината омилена ѕвезда, Бред Пит.

За време на интервјуто со комичарот Џими Фалон во шоуто „The Tonight Show“, манекенката ја раскажа нејзината приказна за средбата со Пит во неделната миса на Канје Вест. „Тој беше таму. Мислам дека веќе бил неколку пати, но ова беше прв пат и јас да сум таму “, и си заминав прерано“. Откри Кендал во емисијата.

Џенер продолжи, објаснувајќи дека неодамна го гледала новиот филм на режисерот Квентин Тарантино, „Once Upon A Time in Hollywood“, во кој Пит ја игра главната улога. „ Како поминуваат годините тој едноставностанува се подобар“, рече обожавателката на актерот, додавајќи: „Па, кога го видов, си реков себеси:„ Морам да си одам “. Манекенката призна дека во тој момент ја фатило паника и не можела да остане, но дека целиот настан ќе и остане во добро сеќавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *