Сопругата на Џастин Бибер проговори за бременоста

4 декември, 20190
бибер

Шпекулациите дека сопругата на Џастин Бибер, 22-годишната Хејли е бремена, се појавија во сите светски медиуми откако неодамна, манекенка беше фотографирана како се држи за стомакот. Иако подоцна негираше дека во блиска иднина нема намера да го прошири семејството со 25-годишната суперѕвезда, со кого се омажи пред една година, обожавателите после последните фотографии се убедени дека Хејли е веќе во блажена состојба и тоа го крие. Сега сопругата на Бибер повторно се огласи на Инстаграм за ова и ги прекина шпекулациите.

Таа им порача на своите 23,6 милиони следбеници, дека приказните за нејзината бременост се „смешни“.

„Интернетот е смешен. Не, не сум бремена, само навистина сакам храна “, напиша Хејли.

View this post on Instagram

My bride is 🔥

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Потсетуваме, гласините дека нејзината најдобра пријателка Кендал Џенер е бремена го поттикна и самиот Џастин, кога минатиот месец рече дека сака да има деца. Честитајќи го 22-от роденден на сопругата, пејачот на Инстаграм напиша: „Среќен роденден на љубов! Поради тебе, секој ден сакам да бидам подобра личност. Начинот на кој го живеш својот живот е привлечен. П.С. Ме возбудуваш на секој можен начин. Следната сезона БЕБЕНЦА“. Но, ова не беше прв пат музичарот јавно да се изјасни за желбата дека сака да има деца со Хејли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi