20 септември, 2019

Радио

Шпанскиот суд во средата донесе одлука дека Хулио Иглесијас e татко на 43-годишен маж, решавајчи го триесетгодишниот спор за утврдување на татковство, бидејќи познатиот пејач одбивал да се подложи на ДНК-тестирање.

Хавиер Санчез-Сантос е роден во 1976. година. Неговата мајка е португалската танчерка Марија Едита Сантос. Хулио Иглесијас има право да поднесе жалба на пресудата. Иглесијас (75) има продадено повеќе од 300 милиони албуми на 14 јазици и е најдобро продаван латински уметник на сите времиња.

Ова е неговото деветто дете и прво вонбрачно. Три деца има од поранешниот брак со Изабел Прејслер, меѓу кои и познатиот пејач Енрике Иглесијас, а пет со неговата сегашна сопруга, Миранда Ријнсбургер.

Остави коментар

Почетна // Забава // Спорот траеше 30 години: Хулио Инглесијас по одлука на судот доби син кој има 43 години!
Горе