Стравува дека засекогаш ќе го изгуби видот: Мел Би итно е пренесена во болница!

20 мај, 20190
mel b

Британската пејачка Мелани Браун, попозната како Мел Би од бендот Spice Girls, итно беше префрлена во болница поради губење на видот.

Таа пред 20 години се обидела да ја отстрани диоптријата со ласерска операција, но операцијата не се одвивала како што треба и таа го изгубила видот на левото око.

Во моментот кога и се слошило, Мел Би се исплашила дека сега би  можело да биде целосно слепа, бидејќи ништо не гледа.

Во наредните денови, лекарите ќе направат испитувања за да утврдат дали навистина станува збор за губење на видот или нејзината состојба е всушност предизвикана од зголемување на нивото на шеќер во крвта.

Бендот Spice Girls по долга пауза одлучи да направи турнеја која би требало да започне за неколку дена. Она што дополнително ги заниша нивните планови, беа шпекулациите и пишувањето во медиумите за наводната љубовна романса што Мел Би ја имала со една од членовите на бендот Spice Girls.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *