Тајна венчавка на ѕвездата од Game Of Thrones

2 мај, 20190
тарнер

Ѕвездата на серијата „Game Of Thrones“, 23-годишната Софи Тарнер, му го кажа судбоносното „Да“ на својот, 29-годишен партнер Џо Џонас на тајната свадба во Лас Вегас, објави Mirror.co.uk.

Британската актерка и американскиот пејач брзо по доделувањето Billboard Music Awards отишле во „Градот на гревовите“ за да ја овековечат нивната љубов.

Имено, свадбата ја откри DJ Diplo, кој беше гостин на венчавката и објави неколку Instagram story од капелата. Може да се види дека  убавата актерка е облечена во бел фустан со вел, а популарниот пејач се одлучил за сиво одело. Со оглед на тоа дека се одлучија во Вегас да застанат пред олтарот, не е изненадувачки што ги венчаше имитатор на Елвис, а во позадина свиреше песната “Speechless” од музичкото дуо Dan + Shay.

Потсетуваме, нопечениот брачен пар се во врска од почетокот на 2016. година, а се верија една година подоцна и таа среќна вест ја споделија на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi