15 септември, 2019

Радио

Актерката Анџелина Џоли (44) со тешко срце и солзи во очите го испрати својот најстар син во ново поглавје во животот. Поточно, дојде време, сега возрасниот Медокс да тргне по свој пат, избрајќи да го продолжи своето образование во Јужна Кореја на престижниот универзитет во Сеул. Убавата актерка, иако крајно е среќна, разделбата со својот син ја поднесе многу тешко.

Странскиот печат наведува дека синот на Анџелина и Бред Пит е прифатен на повеќе од еден универзитет, но дека тој го одбрал овој и дека учењето на корејски јазик му оди добро. „Се обидувам да не плачам, тој денес заминува“, им рече Анџелина на собраните пријатели и новинари кои дојдоа да го испратат Медокс. Сепак, иако ќе биде далеку од нивниот дом во Америка, колеџот на Медокс е близу до нивната  семејна куќа, која ја имаат во Камбоџа.

Интересно е што од актерот Бред Пит немаше ниту трага ниту глас, па Анџелина беше сама со нивниот син.

Потсетуваме, актерката го посвои Медокс во 2002. година, кога имаше само 8 месеци, а подоцна беше го призна и Бред. Сепак, се чини дека славниот актер нема многу добар однос со него, па можеби ова е една од главните причини зошто тој не е со своето дете на толку важен ден.

Бред, наводно, влегол во конфликт со Медокс во 2016. година, а сето тоа ја принудило Анџелина да поднесе барање за развод.„Медокс не се гледа себеси како син на Бред“, изјави извор близок на семејството, додавајќи дека Бред дознал од медиумите за неговото заминување во Сеул.

Остави коментар

Почетна // Забава // Тешка разделба, Бред Пит никаде го нема: Анџелина Џоли едвај ги задржа солзите
Горе