17 септември, 2019

Радио

Jessica Biel е вистинска среќница!

Justin Timberlake и Jessica Biel уште еднаш покажаа дека се едeн од највљубените celebrity парови. Имено, познатата актерка пред два дена го прослави својот 37. роденден и Timberlake и посвети романтичен пост на Instagram. Имено, пејачот собрал неколку заеднички фотографии, ги прикачил на колаж на кој напишал посвета која предизвикува солзи на очите:

“Мојата животна партнерка … ти си најубавата личност што некогаш сум ја запознал. Ти ме натера да се смеам и поради тебе го сакам животот повеќе отколку што мислев дека е можно. Го ценам секој поминат момент со тебе и едвај чекам да поминам уште многу години правејќи го истото … но ново. Среќен роденден, божицо на сексипилот! “

Ова е најромантичната и најубава работа што сме ја прочитале во последно време!

Остави коментар

Почетна // Забава // „Ти си најубавата личност која сум ја запознал“:Justin Timberlake го разнежни цел Instagram со прекрасната посвета
Горе