Тој би направил сѐ за да ја израдува својата ќерка: Познатиот актер ја разнежни публиката со прекрасна фотографија!

18 декември, 2019
x

Актерот Двејн Џонсон на својот Инстаграм објави фотографија со која откри како го слави успехот на филмот во кино салите.

„Барем моето диносауруско стапало е испочитувано. И кажавме на Џези дека филмот на тато е голем хит и таа почна да вреска дека тоа треба да го прославиме. Се согласив на тоа без да знам што ме чека. Колачи? Торта? Сладолед? Таа само ми кажа да седнам на подот и ме потсети дека понекогаш да прославиш значи да се биде целосно избламиран. Но, јас би дал се за да ја видам среќна оваа четиригодишна девојка “, напиша Џонсон.

Оваа фотографија за кратко време собра скоро 2 милиони лајкови, а нашиот актер уште еднаш нѐ увери дека е прекрасен татко.