Убавицата ја нападнаа бидејќи наводно ги зголемила градите

6 мај, 2019
емили

Светски познатата манекенка Емили Ратајковски, покрај тоа што е една од најсексипилните жени во светот, често се наоѓа на метата на критичарите кои не наклонети кон изгледот на манекенката. По последните гласини дека ги зголемила градите, таа одлучи да се пресмета со критичарите и објави досега невидена фотографија за да јасно им даде до знаење што мисли за нивните обвинувања.

„За сите злобни луѓе кои тврдат дека ги зголемив градите, еве сум на 14 години”, напиша Емили под фотографијата на која позира во бикини на плажа, во нејзините помлади денови. Исто така, моделот објави уште една фотографија, покривајќи ги нејзините голи гради со рацете.


Сепак, нејзината постапка дури ниту овој пат не помина добро. „Се чувствувам лошо затоа што ја зачував фотографијата”, „поради ова ќе одам во затвор” и „ Боже, помогни ми” се само некои од негативните коментари на сметка на објавата на манекенката.