17 јули, 2019

Радио

Ѝ даде нова шанса на љубовта.

Бразилската манекенка, Andriana Lima, зад себе имаше бурна година. Откако кон крајот на минатата година се збогува со ревијата Victoria’s Secret, следуваше и раскинувањето со Metin Hara, турскиот писател со кого беше во врска од 2017. година. Меѓутоа, иако некое време не се појавуваше во јавноста, фотографите сега ја фатија со доказ дека можеби се смирила со поранешното момче со кој беше во врска, пред романсата со Metin. Манекенката е форографирана на излезот од теретаната, а ланчето што го носеше ги поттикна шпекулациите дека повторно оживела романсата со поранешното момче Julian Edelman. Всушност, Адриана носи ланче со натпис „Patriots“, Super Bowl, тимот во кој игра Julian. Ниту манекенката, ниту американскиот фудбалер, сé уште немаат ништо изјавено за овие шпекулации.

Остави коментар

Почетна // Забава // Убавицата повторно во прегратките на поранешното момче?
Горе