20 септември, 2019

Радио

Колку и да се трудат да ја убедат јавноста дека не се во емотивна врска, пејачката и актерката Lady Gaga и актерот Bradley Cooper не успеваат во тоа.

Од нивниот настап на доделувањето на Оскарите, не престануваат приказните дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство, а тоа што ставија точка на врските со претходните партнери (Lady Gaga раскина со Christian Carino, додека Bradley Cooper раскина со долгогодишната девојка Irina Shayk со која има ќерка), само се зголемија гласините.

View this post on Instagram

#AStarIsBorn

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Сега од Холивуд пристигна нова вест што ја крена јавноста на нозе. Имено, некои таблоиди ја пренесоа веста дека Оскаровката е бремена и дека таткото е токму Холивудскиот заводник.

За гласините за бременоста се уште не коментирале, но едно е сигурно – и понатаму ќе бидат мета на разни коментари и шпекулации.

Остави коментар

Почетна // Забава // Вест која ја крена јавноста на нозе: Lady Gaga и Bradley Cooper чекаат дете?
Горе