Војната продолжува: После писмото се огласи полусестрата на Меган

12 февруари, 20190
megan 2

Не штедеше на зборови.

Веќе во неколку наврати се пишуваше за писмото, кое војводката Меган, го испратила до нејзиниот татко во август 2018. година. Речиси една година, содржината на писмото од пет страници не и е позната на јавноста, но познато е дека поранешната актерка, го замолила својот татко, Томас, да престане да разговара со таблоидите. Но, откако писмото беше пуштено во јавноста, се јави полусестрата на Меган, Саманта Маркл, пренесува DailyMail.

„Очигледно, некои нарцисоидни луѓе сакаат да се единственото дете на мојот татко. Ако имав 600 милиони долари, можеби и јас ќе и бев интересна “, напиша на нејзиниот Twitter профил и предизвика бурна дискусија.

Да ве потсетиме, Меган и нејзината полусестра не кријат дека се во лоши односи, а многумина тврдат дека Саманта и нивниот татко, Томас Маркл, едноставно сакаат да ја искористат популарноста на Меган. Саманта најави дека ќе објави дури две книги за Меган, во кои тврди дека, на јавноста ќе и ја покажат целата вистина за војвотката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi