Врската на Ирина и Бредли наводно била само „договор“

17 јуни, 20190
Capture

Откако се разделија Бредли Купер и Ирина Шајк, се појавија нови шпекулации за нивната врска. Секој ден пристигнуваат нови информации, а најновите се неверојатно зачудувачки. Бредли и Ирина беа во врска четири години пред да се разделат овој месец, но се чини дека нивната врска не е онаква како што можеме да ја замислиме. Според новите извори, страста одамна ја нема и односот станал повеќе како „партнерство“. Сето ова се случило пред воопшто да биде објавено за нивното раскинување.

Тој, наводно, имал „голема и неизбежна хемија“ со Гага. Не треба да бидете експерт за да го забележите тоа, но овие информации се уште се изненадувачки. Друг извор за магазинот People, објаснува: “Тој има огромна и неверојатна поврзаност со Гага, но дали тоа стана вистинска љубовна приказна во нивните животи за која целиот свет ќе дознае, премногу е рано да се каже, а тешко е да се шпекулира во ова чувствително време.

Претпоставуваме дека за сигурност сите ќе почекаме да видиме што ќе се случи со целата оваа драма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *