27 јуни, 2019

Радио

Сара Џесика Паркер на Instagram сподели фотографија од еден сончев ден во Њујорк. Имено, актерката го фати моментот додека две момчиња без пардон се сончаа на тротоарот. Бидејќи ова е јавна површина, а не плажа или предвидено место за уживање на сонце, симпатичната сцена е овековечена и споделена на социјалната мрежа.

– „Плажа на тротоар. Ви благодарам Арон и на Зак “, напиша Паркер.

Сара се погрижи се да биде регуларно, па побара дозвола од момците за да ги фотографира, а од фановите на Instagram доби многу позитивни коментари.

Остави коментар

Почетна // Забава // Забележа несекојдневна ситуација во центарот на Њујорк: Сите се смеат поради објавата на Сара Џесика Паркер!
Горе