Запознајте го Sami, братот близнак на познатиот Оскаровец: Rami Malek тврди дека тие двајца воопшто не личат, иако никој не се согласува со тоа

13 март, 20190
malek

Актерот тврди дека покрај физичката сличност, тие всушност се сосема различни.

Американскиот актер со египетско потекло Рами Малек, покрај Оскар, освои и многу срца кога го толкуваше ликот на Фреди Меркјури, а зад него има многу успешни улоги , како што е онаа во многу познатата серија „Mister Robot“.

Меѓутоа, неговата кариера започнала уште во детството, кога ни помалку ниту повеќе го глумел неговиот брат близнак, и наместо него ги решавал тестовите на училиште.

– Мојот брат во училиште слушаше грчки јазик, но не го учеше, така што речиси ќе изгубеше една година. Се договоривме јас да отидам на тестот наместо него, иако не го ни знаев предметот. Сепак, отидов на усен испит и направив шоу. Бев толку добар што професорката ме замоли да останам и да одговарам и на нејзиниот следен час – низ смеа актерот се извини во интервју во емисијата кај Graham Norton.

Неговиот брат близнак се вика Sami Malek, а Rami тврди дека тие не личат толку колку што им се чини на луѓето.

– „Во почетокот изгледавме слично, речиси идентично. Со годините тоа се менуваше“, рече Рами во едно интервју кога го прашаа за Sami.

Sami Malek е учител, а неговиот брат е постар четири минути. Тие  имаат постара сестра – Jasmine. Тие доаѓаат од скромно семејство, нивниот татко работел во осигурување, а нивната мајка како сметководител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *