Згодниот Бруклин Бекам за прв пат прошета на црвениот тепих со новата девојка

23 мај, 20190
bbbb

Настанот по кој најмногу ќе го паметиме овогодинешниот филмски фестивал во Кан, дефинитивно е премиерата на новиот филм на Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“. Во пресрет на премиерата, црвениот килим го преплавија најголемите лица на Холивуд, меѓу кои се и Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби,кои се  воедно и главните ѕвезди на филмот.

https://www.instagram.com/p/BxxcxoiFtAI/

А вниманието го привлече и еден млад пар, кој за прв пат заедно се појави на црвениот тепих, иако се во врска од декември минатата година. Станува збор за најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, 20-годишниот Бруклин и неговата една година постара девојка Хана Крос. Згодниот Бруклин носеше црно одело  со бела кошула и лептир машна, како што налага и Канскиот dress code, додека Хана одбра црн кожен фустан поради кој се сетивме на еден од легендарните моменти од родителите на Бруклин.

Дејвид и Викторија влегоа во модната историја кога на новогодишната забава во Манчестер во 1999. година се појавија во ускладени кожни изданија со потпис на модната куќа Versace, a иако Бруклин не носеше кожа, мора да признаете дека е копија на неговиот татко во младите денови .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *