Zoe Kravitz и Karl Glusman го кажаа судбоносното „ДА“!

1 јули, 2019
zoe

Zoe Kravitz и Karl Glusman се венчаа во Париз, а на настанот присуствуваа голем број познати личности како Laura Dern и Nicole Kidman.

 Тие тајно се венчаа пред околу еден месец.

Zoe и Karl ги разменија заветите во парискиот дом со градина од 18-тиот век што му припаѓа на Lenny Kravitz. Zoe Kravitz се омажи  во венчаница на Danielle Frankel изработена од монистра, а под неа носеше бели сатенски бициклисти и crop-top.

Tие двајца се запознаа на една забава. Пријателите ги запознале затоа што Zoe барала некој за несериозна врска, но актерката веднаш почувствувала нешто посебно помеѓу неа и Karl Glusman.

И Lenny Kravitz е исклучително среќен што неговата ќерка се омажи, но само жали што неговата мајка, Roxie Roker, ова не го доживеа.

– Таа е неверојатна и сè она што можам да посакам. Јас сум нејзин татко, но ние сме и пријатели. Многу сме блиски. Зборуваме за сè. Не криеме ништо еден од друг – рече Lenny, пренесува Tportal.