20 август, 2019

Радио

Еден месец по венчавката, Zoe Kravitz и Karl Glusman пополека почнаа да го креваат превезот со тајни од свадбениот триумф поради кој целиот Hollywood отпатува во Париз.

Свадбата на Zoe Kravitz и Karl Glusman се случи во главниот град на Франција. 30-годишната актерка и 31-годишниот актер тајно го потпишаа брачниот договор во мај и последователно одржаа церемонија за пријателите и роднините.

Свечената забава се одржа во домот на Lenny Kravitz во Париз. Меѓу гостите беа мајката на актерката Liza Bonet со нејзиниот сопруг Jason Momoa, Nicole Kidman, Laura Dern, Reese Witherspoon, Denzel Wshington, Cara Delevingne и многу други. Свадбената забава беше затворена за сите аутсајдери, но пополека младенците одлучија да ја почестат јавноста со фотографии од генијалната облека што одлучија да ја носат таа вечер.

Остави коментар

Почетна // Забава // Zoe Kravitz и rock’n’roll венчавка во Париз
Горе