Актерот Џеси Смолет ќе добие затворска казна од 64 години?

11 март, 20190
идиот

Актерот, кој измисли дека го нападнале затоа што е афроамериканец и хомосексуалец, ќе се соочи со затворска казна подолга од 60 години!

Истражната порота во Чикаго одлучи да му суди за дури 16 точки од кривичното дело за поднесување лажна изјава до полицијата. Оваа одлука предизвика бурна реакција, бидејќи е потврдено дека Џеси Смолет е обвинет за секоја поединечна работа околу која ја излажал полицијата, што не е пракса според американскиот закон. Доколку биде проглесен за виновен по сите 16 точки од обвинението, максималната казна е неверојатни 64 години затвор, според ТМZ. Смолет (36) платил двајца браќа од Нигерија за да го нападнат, потоа самиот на себе, си нанел повреди и го пријавил случајот како напад поради омраза затоа што е афроамериканец и хомосексуалец.

Клопчето околу актерот брзо почна да се одмотува, бидејќи мажите кои што наводно го нападнале, ѝ признале на полицијата дека тој им платил за да го лажираат нападот.

Еден од нив, исто така, изјавил дека на Смолет повремено му продавал дрога, а за нападот добил чек од 3.000 долари, на кој во цел на дознака е наведено „тренинг“. Смолет, го лажираше нападот затоа што не бил задоволен со хонорарот во серијата „Empire“. Продукцијата набргу објави дека неговиот лик ќе биде „отсечен“ од преостанатите епизоди од петтата сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi