Ален Делон доби награда за животно дело, а признанието му го врачи неговата ќерка

21 мај, 2019
a

Францускиот актер Ален Делон (83) на филмскиот фестивал во Кан доби награда за животно дело.

Наградата „Palme d`Or“ на Делон му беше доделена за шестдецениската кариера, а му ја врачи неговата ќерка Анушка Делон, објави „Reuters“.

– Една работа за која сум сигурен и сум горд е мојата кариера. И оваа награда, која ми е доделена за животно дело, ме прави среќен, задоволен и исполнет – рече Делон.

„Ви благодарам на сите … Својата кариера всушност ја должам на жените кои се бореа за мене и ми овозможија да станам актер”, рече Алан Делон во Кан, меѓу другото. Делон својот прв филм го сними во 1963. година – тоа беше филмот на Лукин Висконти „Leopard“.