17 септември, 2019

Радио

Можете ли да замислите R’n’B или рап мелодија како ја следи серијата „Game Of Thrones“? Ако не можете, не сте сами, бидејќи и нас исто така не изненади листата на уметници кои ќе учествуваат во најавениот албум, кој со нетрпение го очекуваме.

HBO и Columbia Records најавија објавување на албум наречен For The Throne, кој ќе биде посветен на последната сезона на Game of Thrones. Во проектот учествуваат најмалку 19 музичари, меѓу кои се Asap Rocky, The Weeknd, Travis Scott, SZA и други. Албумот е веќе е достапен за да го нарачате, а неговата промоција е закажана за 26-ти април. Неодамна, е објавен официјалниот трејлер за албумот, како најава за она што нѐ очекува.

Листата на изведувачи ветува моќна музика што ќе ја слушаме цело лето, а можеби и подолго.

Остави коментар

Почетна // Забава // Asap Rocky, The Weeknd и други музичари ќе објават албум посветен на серијата „Game Of Thrones“
Горе