10 декември, 2019

Радио

“Sonic” нема да пристигне според најавеното, и тоа поради невообичаени причини!

Филмот, врз основа на мотивите на популарната платформа покрај која што пораснавме, беше најавен пред пет години, но овој проект никако да се придвижи од место.

Претседателот “Sege”, Хаџием Сатоми, претходно изјави дека филмот ќе биде мешавина на анимација и улоги, пишува “Digital Spy”.

Популарниот син еж, кој се движи со неверојатна брзина и ги уништува противниците, важи за култен карактер од игрите.

Според мотивите на играта, веќе е снимен цртан филм во Јапонија во 1996 година, но ова е прв пат да се појави на голем екран.

Сега продукцијата објави дека Sonic ќе доцни, а тоа е затоа што „никако неможат добро да го направат главниот лик“!

„За да може Sonic да изгледа како што треба, ни треба повеќе време“, рече режисерот Џеф Фулер.

Најбрзиот еж ќе го видите на големиот екран дури во почетокот на 2020 година.

Дотогаш, погледнете го трејлерот!

Остави коментар

Почетна // Забава // Доцни филмот направен според култната игра!
Горе