Џорџ Клуни денес слави роденден и изгледа подобро отколку во младоста

6 мај, 20190
џорџ

Во Лексингтон, во американската држава Кентаки, на 6 мај 1961. година, е роден Џорџ Тимоти Клуни, американски актер и режисер, кој како момче сонувал за сосема поинаква кариера.

Во тоа време, тој сакал да стане најдобриот безбол играч, но по постигнатиот неуспех на клубот Cincinnati Reds, Клуни, на 21-годишна возраст – се пресели во Лос Анџелес и ја започна својата актерска кариера.

Му беа потребни дури две години со постојани аудиции за да почне да добива улоги во телевизиските сапуници, глумеше во „The Facts of Life“ и „Roseanne“, но вистинскиот успех се случи кога во 1994. година тој доби шанса – улогата на д-р Даг Рос во популарна серија „Еmergency Room“.

По оваа серија, неговиот успех беше загарантиран, а дополнително му помогна и неговиот атрактивен изглед, поради што милиони обожавателки низ целиот свет со нетрпение ги чекаа неговите нови актерски ангажмани.

Иако многумина се обидоа да го „фатат“, во 2014. година во тоа успеа убавата адвокатка за човекови права, Амал Аламудин, со која се омажи и ги доби близнаците, Ела и Александар.

Како што неодамна призна, единственото нешто за што жали во животот е тоа што не ја запознал својата сопруга предходно и порано не основал семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *