Евакуација на концертот на Jennifer Lopez

16 јули, 20190
jenifer

Повеќе од 70.000 потрошувачи во Менхетен минатата ноќ неколку часа останаа без електрична енергија поради пожарот што избувна на 64-тата улица Вест Стрит и Вест Енд.

Во моментот на прекин на електричната енергија, Jennifer Lopez одржа концерт во Медисон Сквер Гарден. Веднаш штом излезе на сцената, танчерите го завземаа своето место и – мрак! J Lo брзо отиде до публиката и им рече да останат смирени, по што сепак беше наложена евакуација.

Пејачката и актерката сето ова го пренесе на Instagram.

А на крајот, таа соопшти и убави вести – таа успеа да закаже нов концерт. „Овој пат ќе имаме електрична енергија”, изјави таа за следбениците на Instagram.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *