Геј скандал околу Евровизија

29 ноември, 20190
Capture

Унгарија нема да учествува на Евровизија во 2020. година, објави националната телевизија.

Британскиот „ The Guardian“ пишува дека Унгарците се откажале од натпреварот затоа што Евровизија се повеќе се поврзува со LGBT заедницата.

Унгарците ги негираат овие обвинувања и велат дека парите наменети за натпреварот во Ротердам, директно ќе бидат насочени за поддршка на вредна музичка продукција на унгарски поп таленти. Унгарија од 1993. година се натпреваруваше на Евровизија 17 пати, a 14 пати стигна во финалето.

„Сакаме јасно да дадеме до знаење дека не ја зимаме во предвид  сексуалната ориентација на некој што се натпреварува на некој настан или манифестација“, се наведува во изјавата на МТVА. Инаку, никој не го крие присуството на LGBT културата на Евросонг. Добар дел од машките фанови на ова натпреварување се геј луѓе, а дел од натпреварувачите ги надминаа предрасудите натпреварувајќи се на Евровизија. Многумина велат дека Евросонгот е всушност ‘Светско првенство за геј луѓето’.

European Broadcasting Union, федерацијата одговорна за организацијата Евросонг го коментираше напуштањето на Унгарија. „Не е невообичаено една држава да го напушти натпреварот“, рекоа тие, посочувајќи дека Унгарија неколку пати не присуствувала во натпреварот. „Се надеваме дека тие ќе се вратат во семејното натпреварување“, велат од EBU.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *