Ги загрижи фановите: Sting поради мистериозна болест ги откажува концертите

11 јули, 20190
sting

Легендарниот музичар Sting требаше да настапи во Минхен, но на неговите официјални профили на социјалните мрежи беше објавена порака која ги загрижи сите негови обожаватели.

Се наведува дека музичарот не се чувствува добро и дека по препорака на доктор тој ќе мора да мирува и да ги откаже сите концерти до недела, како и дека жали за истото.

Дека познатиот британец во последно време има здравствени проблеми, докажува и тоа дека ова е втор најавен концерт кој не го одржа- тој во понеделникот го откажа концертот на еден џез-фестивал во Белгија, исто така поради болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *