24 јуни, 2019

Радио

Се што знаеме за новата сезона која наскоро ќе пристигне на HBO.

Во октомври 2018. година дознавме дека иако романот, по кој е базирана мегапопуларната серија „Big Little Lies“, заврши на местото каде што ги оставивме ликовите во првата сезона, продуцентите Никол Кидман и Рис Витерспун одлучија да се подготват за втората сезона.

Претходно во август, се појави фотографија на која актерката Reese Witherspoon во улога на Madeline Mackenzie, стои на улица и фрла сладолед на Meryl Streep.

Доколку сакате да се убедите во прецизноста на фрлањето на Reese, новата сезона ќе биде вистинско задоволство за вас.

„Да, точно е. Фрлив сладолед врз Meryl Streep. Тоа може да ви каже за нашиот однос во серијата “, изјави актерката во шоуто на Џими Фалон.

Уште една загатка се враќа од првата сезона, која заврши драматично кога Perry, кој го глуми glumi Alexander Skarsgаrd, навидум се сретна со неговата смрт. Или можеби не?

„Дури и не знам дали сум навистина мртов или не. Сега се чувствувам добро, но ќе видиме “, изјави актерот за магазинот People на црвениот тепих на Златен Глобус 2018. година. Според „The Hollywood Reporter“, Skarsgаrd ќе се појави повторно во втората сезона.

Остави коментар

Почетна // Забава // Големите, мали тајни на втората сезона на „Big Little Lies“
Горе