Исплашени за своите животи: Анџелина Џоли и Ричард Маден доживеаја ужас!

5 ноември, 20190
џ

Актерската екипа на новото остварување на Марвел „The Eternals“ е евакуирана од сетот, откако беше пронајдена неактивирана бомба – среде сцена.

Актерската екипа, која меѓу другите, се состои од Анџелина Џоли и Ричард Маден (најпознат по улогата на Роб Старк во „Game Of Thrones“), веднаш беше преместена на безбедно место, откако беше пронајдена бомба. Сцената е Фуертевентура, на Канарските острови. Како што пренесуваат странските медиуми, сите биле во паника, исплашени, но веднаш пристигнал тим на професионалци кои ја отстраниле бомбата.

Беше страшно. Бомбата со децении стоела таму недопрена, а кој знае што можеше да се случи, можеше да се активира “, изјави извор за „The Sun“.

Сè уште не е познато од каде била бомбата или колку време стоела, но се знае дека Германците островот го користеле како нивна база за време на Втората светска војна.

Во актерската екипа се наоѓаат и Салма Хајек и Кит Харингтон, за кои не е познато дали во тоа време биле на сетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi