Исповеста на Liam Neeson го шокираше светот: Дознал дека неговата сакана личност е силувана и тргнал по одмазда

5 февруари, 20190
L

Искрено проговори за еден од најтешките периоди во животот.

Актерот Liam Neeson откри дека еднаш тргнал во одмаздички поход откако неговата сакана личност била силувана . Тој раскажа шокантна приказна на прес-конференцијата за новинари, која се одржа за да го претстави новиот филм „Cold Pursuit“.

“Таа со силувањето се носеше на неверојатен начин, но мојата прва реакција беше прашањето дали знае кој и го сторил тоа“.

Не знаеше. „Прашав која раса е таа личност. Таа кажа дека е црнец“. Се симнав долу и наоколу одев со палка, надевајќи се дека некој ќе дојде “, раскажа 66-годишниот актер.

„Се движев така една недела, надевајќи се дека некој гад ќе излезе од некој паб и ќе се обиде да ме нападне, за да можам да го убијам”, рече Neeson.

“Беше ужасно, но научив лекција од тоа и на крајот помислив – што правам по ѓаволите“?!

“Ја разбирам потребата за одмазда, но од тоа се јавува само нова потреба, само убивање и убивање“, заклучи тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *