Ја „искулираа“ албанската пејачка!

23 јануари, 20190
Screen-Shot-2019-01-23-at-06.32.42

Иако е номинирана за Греми, ова е причината зошто дизајнерите не сакаат таа да ги носи нивните модели на доделувањето!

Пејачката со албанско потекло, Блета Реџа, попозната како Bebe Rexha, се жалеше на Instagram дека ниту еден дизајнер не сака да ја облече за доделувањето на Греми наградите.

Иако таа штотуку беше номинирана за оваа престижна награда, која гарантира фотографии од црвениот тепих, но можеби дури и подиумот, ако таа добие Греми, Rexha не може да најде модна куќа која би и дала фустан.

Причината – велат дека е дебела!

„Ако не ви се допаѓа мојот стил или музика, тоа е во ред. Но не ми кажувајте дека не ми давате фустан бидејќи немам „пропорции на модел“. Жените треба да го сакаат своето тело, без разлика каква големина е. Ние сме сите убави, без оглед на конфекцијскиот број. А мојата задница, која е осум по големина, сеуште оди на доделувањето на Греми наградите“, напиша таа.

Bebe, инаку, на крајот од минатата година пееше на годишната ревија на „Victoria’s Secret“, па ако тие „успеаа“ да ја облечат, голема е мистеријата, поради што модните куќи „се извлекуваат“ на нејзината градба за да не и ги отстапат своите модели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *